За нас

„Оркан Импекс“ е интернационална транспортна компанија, основана 1994г. со седиште во Кавадарци, Македонија. Почнавме скромно со едно возило, но со стрпливо и професионално работење денес прераснавме во лидер на камионскиот транспорт во Македонија.

Со возен парк од 45 камиони по највисоки Еуро 5 и Еуро 6 стандарди гарантираме навремени транспортни услуги од врвен квалитет, по конкурентни цени, базирани на знаењето и вештините на нашиот тим составен од млади, обучени и мотивирани луѓе.

Широкиот возен парк и професионалноста на нашите возачи заедно со разновидноста на ЦЕМТ дозволи со кои располагаме гарантираат голема ефикасност во нашето работење.